Како да се одолее на „магијата“ на Виста?
31 January 2007
Никогаш не сум платил за лиценца Windows. Веројатно никогаш и нема тоа да го направам. Вистина е дека сум користел и сè уште користам Windows, ама го користам на македонски начин. Пират сум, ама така само Microsoft ме гледа... значи не се важи... Скоро инсталирав Ubuntu, па сè уште се привикнувам на новиот начин на размислување... да не речам се опаметувам.
Неделава беше и официјално промовирано новото „чудо“ (читај ѓубре) за кое Microsoft, цели 5 години црнчеше, а сè што направи е нов service pack за Windows XP… нормално го објави како нов оперативен систем. Се изнагледав глупости на You Tube, па ми дојде интересно за да ги ставам на блог.Зошто е глуп Бил Гејтс?
Зошто Windows Aero е евтина играчка?
Зошто Microsoft е ужасно лоша копија на сè што направилa компанијата Apple?
Какво „Aero” има Ubuntu 6.10?
И уште еднаш за Beryl…
Дур го има Бил Гејтс ќе се смееме, потоа ќе учиме Linux. Не дека сега не учиме, ама ете... повеќе се смееме :)
Labels: microsoft, vista, windows
коментари (0)