WGA skip
08 August 2007
Пред некое време повторно инсталирав XP и имав потреба да го инсталирам Internet Explorer 7 за да тестирам некои сајтови на кои работев. И нели, заради WGA (Windows Genuine Advantage) процесот на ажурирање на сакатиот IE 6.0 не можеше да се одвива нормално, туку морав да барам начини да го избегнам проверувањето на (не)валидноста на мојата копија на Windows XP. Случајно, многу случајно, на еден Opera блог, стигнав до ултимативен трик за перманентно сјебување на WGA проверувачот под Windows XP.
Еве во што е работата:
При секоја инсталација на поновиот софтвер на Microsoft, што доаѓа со интегриран WGA проверувач, пред да започне инсталацијата, се упатува повик од локалниот компјутер до mpa.one.microsoft.com се разбира преку Интернет. Доколку не сте поврзани на Интернет не сте во предност, зашто проверката е задолжителна. Главната финта на сјебувањето на WGA се состои во менувањето на крајната дестинација до која WGA испраќа порака за проверка на валидноста на оперативниот систем.
А тоа се прави во следниве 2 чекори:
- Појди во C:\Documents and settings\All Users/Application Data (точно е напишана патеката) и избриши ја папката „Windows Genuine Advantage“;
- Појди во C:\Windows\system32\drivers\etc и измени ја содржината на датотеката „hosts“ со помош на Notepad или уште подобро Notepad++. Додади ја следнава линија на крајот на датотеката:
127.0.0.1 mpa.one.microsoft.com
Тоа е сè. Стартувај инсталација на било кој WGA софтвер и проверката ќе биде прескокната. А, зошто? Затоа што наместо до mpa.one.microsoft.com WGA проверувачот ќе прати порака до адресата 127.0.0.1, а тоа е локалниот компјутер (localhost), нема да добие никаква повратна порака, ќе запре со проверките и ќе овозможи понатамошен тек на инсталацијата.
Патем, ми требаше да го задржам и Internet Explorer 6 повторно за тестирање и налетав на Multiple IEs (колекција од сите верзии на IE пред IE 7). Директниот линк за преземање е овде ~10MB.
Labels: internet explorer, wga skip, windows, xp
коментари (4)