23 January 2008
Мигрирав на нов сервер (благодарам Гемиџи, благодарам Лугола) и на Wordpress. Имав можност безболно да ги импортирам сите записи (со коментари) од мојот стар блог. Си најдов и супер темичка, додека да најдам доволно време за да си направам своја.
Отсега па натаму, моето, онлајн постои на http://pablisher.lugola.net.
Labels: migration, new blog, planet linux mk, wordpress
коментари (0)
22 January 2008
Има еден релативно глупав веб-сајт кој често го посетувам кога ми е здодевно и обично успева да ми потроши најмногу 5-10 минути од досадата, но денес за прв пат се фатив себеси како всушност читам нешто на Inethouse.
Некој корисник решил по 4 години да го надгради компјутерот, па бара мислење од останатите корисници дали да остане со Windows XP, да се одлучи за Vista или пак да се преориентира на MacOS. Многумина коментирале... еден според мене е реален:
Never go for a mac my friend! If you wanna buy a mac but install windows that will be fine (having both os). But don't believe what they say in their ads. They say "Think Different". Thinking different is NOT enough! Mac is for people who don't know any thing about PC or trouble shooting. They just want something that works that they can check their email, chat, use iBlah to make pretty stuff to show off for their friends. But the truth is there is yea it just works, But there is not much to work with! You can't make a website with .mac and sell it. Cuz it's SO DAMN ugly and it's SO limited in designing. For video/Music editing/compositing people use mac in the industry. But I don't get WHY? There are A BUNCH of programs that are WAY better than the ones are used in mac. In Animation industry people use Windows mainly. For programming, .NET, ASP and PHP people use mostly Windows. For hosting is 40% Win and 60% Linux and I prefer linux in this case (not mac). And finally in HARD CORE realtime editing people use windows but mostly Unix systems like IRIX. врска
Никогаш не сум користел Mac, но по сите нивни глупави реклами, презентации, мислења и заблуди, некако сè ме тера на мислење дека, штом некој толку многу посветува внимание на шминкање на својот производ, сигурно има многу добри причини и премногу слободно време за да ги прикрие неговите слабости. Со други зборови има лоши задни намери. Ако се симне шминката, тогаш MacOS X нема да биде ништо подобар од било која современа ГНУ/Линукс дистрибуција. Денес за ГНУ/Линукс има прекрасни апликации (Blender, OpenOffice.org, Firefox, Thunderbird, Amarok, Miro, Gimp, Pidgin, Compiz Fusion...), што се исклучително пријателски ориентирани и многу, многу стабилни. Доколку MacOS X „го користат професионалци“, зошто истите тие професионалци не би можеле да цртаат, дизајнираат, обработуваат во Inkscape, Blender, Gimp?! И кој вели дека во Windows Vista е полесно да се снајде човек отколку во Ubuntu, на пример? Тој што мисли така веројатно има погрешно мислење за сопствените квалитети и капацитети, па не му е ни важно дали постои план Б кој е подобар од неговиот. Кога таквите луѓе ќе почнат да користат ГНУ/Линукс, човештвото ќе може навистина да се гордее... не заради отворениот код... не заради лиценците... туку заради патот по кој ќе почне да се движи. Тогаш веројатно ќе се слуша само џез и блуз. (I wish :))
Во овој релативно краток период откога го истражувам ГНУ/Линукс (главно Ubuntu/Kubuntu/Xbuntu/Knoppix/Mandriva/Fedora) постојано ми се провлекува една иста мисла: луѓето што успеале целосно да преминат на ГНУ/Линукс меѓу другото, се слободни од предрасуди, речиси секогаш знаат точно што бараат и што сакаат, умеат да направат разлика помеѓу добро и лошо и за среќа или не, се надвор од „толпата“.
Во оној момент кога Adobe ќе реши да објави ГНУ/Линукс верзии од Creative Suite, Apple ќе почне да пропаѓа и конечно ќе остане да се добие потешката битка со Microsoft. Ако тоа не се случи до 2010 тогаш веројатно нешто погрешно сум разбрал и сум преценил. :)
Labels: apple, gnu/linux, macos x, microsoft, open source, planet linux mk, ubuntu, windows
коментари (6)
22 December 2007
- Richard Hawley - Lady's Brige
- Mice Parade - Mice Parade
- Morphine - целосна дискографија
- The Cinematic Orchestra - Ma Fleur
- VA - Gilles Peterson Digs America Vol.2
- Yael Naim - Yael Naim
- The Boy Least Likely To - The Best Party Ever
- Jens Lekman - Night Falls Over Kortedala
- Meiko Kaji - Zenkyoku Shu
- Marc Collin - Two For The Road
Labels: albums, alternative, country, folk, funk, future jazz, music, planet linux mk, pop, rock
коментари (0)
19 December 2007
Што е Acid2?
Уааааууу... Се прашувам да не играло некое copy/paste со сликава што ја имаат објавено на блогов. Што па не го покажале и „About“ прозорецот од IE8 Beta, ако имаат некаква постоечка бета?! Ќе цитирам еден коментар од Neowin:
whats more surprising?
that they didn't fully support basic web standards before, or that it took them THIS long to do it?
Туку ме заболе за IE... Вчера излезе Firefox 3 Beta 2! Не сум ја тестирал уште... Рецензија има на Mozilla Links.
Labels: browser, firefox, internet explorer, mozilla, open source, planet linux mk
коментари (0)
08 December 2007
Баш периодов нешто преземав преку торенти и кај најголем дел од архивираните датотеки, го сретнав типот
‘daa’. ‘Daa’ е всушност ист датотечен формат како и
‘iso’, само што е од целосно затворен тип и никој не може да го имплементира во своите апликации затоа што неговите креатори решиле дека не го даваат. Ова лаички кажано нели... Вистинката причина е заработувачката... PowerISO е
единствената апликација со која може да се прави конверзија од ‘daa’ во ‘iso’ формат и таа чини околу 30$ по лиценца, нормално тоа важи за Windows.
PowerISO за ГНУ/Линукс е бесплатна апликација. Не е со отворен код, но доаѓа како извршна датотека, преку која можете да ги обавите сите основни процедури, за кои е наменета апликацијата.
Ако сметате дека ви е полесно да барате кракови и да ја користите верзијата за Windows, тогаш не читајте во продолжение.За оние останатите кои веруваат дека животот треба да им биде поедноставен,
еве како со PowerISO под GNU/Linux да направите конверзија на ‘daa’ датотека во ‘iso’.
Преземете ја извршната датотека од
овде. Отпакувајте ја некаде... на пример, во /home/име_на_корисник/. Појдете во папката преку конзола и внесете ја следнава команда без да се најавувате како администратор (значи
без sudo/su):
./poweriso convert име_на_датотека.daa –о име_на_нова_датотека.iso –ot isoПритоа се подразбира дека пред името на датотеката морате да ја наведете локацијата каде што истата се наоѓа и повторно локацијата каде што планирате да го зачувате iso-то. Доколку имате некое комплицирано име на папка/датотека со празни места, користете апострофи: ‘Ова е папката/датотеката’.
Доколку сакате да ги дознаете сите можни команди на PowerISO под ГНУ/Линукс прочитајте за нив во документацијата, преку командата:
./poweriso -?Не ми е јасно зошто некој го користи daa датотечниот формат, а не iso? Уште помалку разбирам кој би дал 30$ за ужасен софтвер за Windows, како што е PowerISO. Сепак благодарност до
производителите што не заборавиле на луѓето што сакаат да имаат избор.
Labels: daa, gnu/linux, iso, poweriso, windows
коментари (0)