Што е Rosegarden?
09 February 2007
Rosegarden е единствениот Cubase еквивалент за Linux. Rosegarden е професионален аудио и MIDI секвенцер, аранжер и општо-наменски аудио композитор и едитор. Постои одамна т.е. некаде од 2002 - 2003 година и до денес има стигнато до верзијата 1.5, што беше објавена на 7-ми февруари 2007 год. Во декември 2006 година, Rosegarden беше Проект на месецот на SourceForge.net, така што јасни се сигналите дека се работи за издржано издание што вреди да се проучи.Сè уште не сум го пробал, но имам во план да го направам тоа најскоро што можам и да пишам рецензија, ако имам што повеќе да кажам од SoundOnSound - еден од најдобрите магазини за музичка продукција, што има одлична рецензија за Rosegarden.
Во контекст со претходните записи за Ableton Live и FL Studio 7, ми текна да пребарам и да видам како стојат работите кај Linux. Всушност и најголемата пречка што сè уште не му се препуштам, е што не сум сигурен колку добро може да ги замени Windows апликациите за правење музика. Се надевам дека еден ден и под Linux, правењето музика ќе биде еднакво добро како и под Windows, а зошто да не и подобро.
Labels: linux, music, production, rosegarden
коментари (0)