Ubuntu Home Server (UHS) ќе биде посебно издание, специјализирано за администрирање на домашна мрежа. Се работи за мошне млад проект, кој сè уште не е официјализиран, но убаво би било да порасне, па да може да му пркоси на Windows Home Server. За повеќе инфо - скромното вики.
Дискови со слободен софтвер ќе се делат од 11 до 18 часот во кафе книжарницата Магор и културниот центар Точка. На овие места ќе има и презентации во живо на оперативниот систем GNU/Linux. Се што треба да направите е да дојдете и да си земете CD. Во Точка и Магор ќе има и искусни корисници на GNU/Linux од кои ќе можете да добиете совети за тоа како да го инсталирате софтверот или одговори на други прашања кои можеби сте ги имале за слободниот софтвер.
Вечерта со почеток во 20 часот во Мала станица (Медиум) ќе има проекција на филмот „Good Copy, Bad Copy“, и ако останат, ќе има уште дискови за делење.
За да ги информира медиумите за овој настан, Слободен софтвер Македонија ќе одржи конференција за печат во четврток, 13.9.2007 во НВО инфо центарот во Скопје во 12 часот.
Сето ова ќе биде одлична најава на новата сезона „Сподели“ која наскоро ќе започне!
Настан на 15-ти исто така ќе има во Прилеп, а неколку дена подоцна и битолчани ќе организираат прослава во својот град.
Handbrake е повеќе-платформски DVD во MPEG4 претворач со отворен код, достапен за GNU/Linux, MacOS X и Windows. Деновиве беше објавена првата официјална јавна верзија од апликацијата, со сериозни новини и измени во однос на претходните тест верии. Кој се обидел со Handbrake знае колку е едноставно да се претвори едно DVD издание во соодветен подвижен видео формат. Кој не знае може да го почне другарството овде.
Слика 1. Приказ на прозорецот што се појавува при првото (или во зависност од изборот на корисникот, при секое) стартување на Handbrake.
Што се смени во однос на последната тест верзија?
графичкиот интерфејс за MacOS X и Windows речиси целосно;
брзината при претворање во iPod видео формат;
квалитетот на сликата на компресираниот видео материјал, благодарение на новите механизми на деблокирање и скалирање на оригиналниот видео запис;
компатибилноста со соодветните iPod и PSP (PlayStation Portable) видео и аудио формати;
стабилноста на апликацијата (Handbrake е коска!)
Слика 2. Приказ на главниот прозорец на Handbrake 0.9.0.
За Windows е потребна Microsoft .Net Framework 2. Ако има нешто нејасно повелете овде. Мене на пример, ме интересира зошто нема 0.9.0 верзија за GNU/Linux?
Под Windows, Handbrake работи речиси идеално. По само неколку клика може да се добие ултра квалитетно видео материјалче за раздавање.
Слика 3. Приказ на тековен процес на претворање на видео запис во различен формат од основниот.
Посебен шмек е даден со готовите пресети. Честитки за изданието и нека се множат. :)
Апдејт: Во официјалниот roadmap пишува дека во изданието 1.0 ќе има мулти-платформска графичка околина, па најверојатно тогаш и за GNU/Linux ќе има ново GUI. Засега за GNU/Linux, како последна постои бета верзијата 0.8.5. Клиентот 0.9.0 за GNU/Linux сега е достапен.
Сè до денес мислев дека Beryl е всушност скршена технологија, веројатно затоа што никако не ми успеваше да го проработам како што треба... Ама ова што имав прилика да го доживеам откако го инсталирав „Compiz Fusion“, е многу тешко-објасниво со зборови. „Compiz Fusion“ е благослов, привилегија, финта, финеса, помош, занимација... но во никој случај не е ни блиску до тоа што е Beryl како самостојна апликација (мислам од аспект на перформансите при работа и нормално целам кон тоа дека Beryl е тапа). Има многу новини, работи беспрекорно, навистина... инсталацијата е боза... Морате да ги погледнете: Expo, Group and Tab Windows, Paint Fire on the Screen и Cube Reflection. „Compiz Fusion“, те сакам! :D
Патем, за инсталацијата се послужив со ова упатство, а на истата страница има и врски до 3 различни видеа – демонстрации за новините во „Compiz Fusion“.
Следното Ubuntu следува во октомври годинава и од информациите до кои стигнав, ќе има многу новини. Како една од најглавните е интегрирањето на „Compiz Fusion“ во дистрибуцијата (ова е од вчера), и неговото назначување за основен генератор на работната околина, за системите што располагаат со соодветен хардвер. За послабите конфигурации сѐ уште ќе си постои Metacity.
Последната позадина што ја направив за занимација. Достапна е на deviantART во сите најпопуларни графички резолуции и изгледа фино на големи, а особено е оптимизирана за LCD монитори. Не сум ставил дури ни копирајт ;).
Rosegarden е единствениот Cubase еквивалент за Linux. Rosegarden е професионален аудио и MIDI секвенцер, аранжер и општо-наменски аудио композитор и едитор. Постои одамна т.е. некаде од 2002 - 2003 година и до денес има стигнато до верзијата 1.5, што беше објавена на 7-ми февруари 2007 год. Во декември 2006 година, Rosegarden беше Проект на месецот на SourceForge.net, така што јасни се сигналите дека се работи за издржано издание што вреди да се проучи.
Сè уште не сум го пробал, но имам во план да го направам тоа најскоро што можам и да пишам рецензија, ако имам што повеќе да кажам од SoundOnSound - еден од најдобрите магазини за музичка продукција, што има одлична рецензија за Rosegarden.
Во контекст со претходните записи за Ableton Live и FL Studio 7, ми текна да пребарам и да видам како стојат работите кај Linux. Всушност и најголемата пречка што сè уште не му се препуштам, е што не сум сигурен колку добро може да ги замени Windows апликациите за правење музика. Се надевам дека еден ден и под Linux, правењето музика ќе биде еднакво добро како и под Windows, а зошто да не и подобро.
Во контекст на претходно кажаното и во чест на Убунту 7, направив едно фино позадинче. Сликава подолу е колку само за преглед, а инаку зипот со верзии во неколку пропорционални графички резолуции, ќе го најдете на мојот Девијант или конкретно *овде*.
Инаку, немам во план да пишувам само за Линукс. Така се погодија темиве :)