Handbrake 0.9.0
20 August 2007
Handbrake е повеќе-платформски DVD во MPEG4 претворач со отворен код, достапен за GNU/Linux, MacOS X и Windows. Деновиве беше објавена првата официјална јавна верзија од апликацијата, со сериозни новини и измени во однос на претходните тест верии. Кој се обидел со Handbrake знае колку е едноставно да се претвори едно DVD издание во соодветен подвижен видео формат. Кој не знае може да го почне другарството овде.
Слика 1. Приказ на прозорецот што се појавува при првото (или во зависност од изборот на корисникот, при секое) стартување на Handbrake.
- Што се смени во однос на последната тест верзија?
- графичкиот интерфејс за MacOS X и Windows речиси целосно;
- брзината при претворање во iPod видео формат;
- квалитетот на сликата на компресираниот видео материјал, благодарение на новите механизми на деблокирање и скалирање на оригиналниот видео запис;
- компатибилноста со соодветните iPod и PSP (PlayStation Portable) видео и аудио формати;
- стабилноста на апликацијата (Handbrake е коска!)
Слика 2. Приказ на главниот прозорец на Handbrake 0.9.0.
За Windows е потребна Microsoft .Net Framework 2. Ако има нешто нејасно повелете овде. Мене на пример, ме интересира зошто нема 0.9.0 верзија за GNU/Linux?
Под Windows, Handbrake работи речиси идеално. По само неколку клика може да се добие ултра квалитетно видео материјалче за раздавање.
Слика 3. Приказ на тековен процес на претворање на видео запис во различен формат од основниот.
Посебен шмек е даден со готовите пресети. Честитки за изданието и нека се множат. :)
Апдејт: Во официјалниот roadmap пишува дека во изданието 1.0 ќе има мулти-платформска графичка околина, па најверојатно тогаш и за GNU/Linux ќе има ново GUI. Засега за GNU/Linux, како последна постои бета верзијата 0.8.5. Клиентот 0.9.0 за GNU/Linux сега е достапен.
Labels: convert, dvd, linux, mpeg4, open source, osx, video, windows
коментари (0)