20 August 2007
Handbrake е повеќе-платформски DVD во MPEG4 претворач со отворен код, достапен за GNU/Linux, MacOS X и Windows. Деновиве беше објавена првата официјална јавна верзија од апликацијата, со сериозни новини и измени во однос на претходните тест верии. Кој се обидел со Handbrake знае колку е едноставно да се претвори едно DVD издание во соодветен подвижен видео формат. Кој не знае може да го почне другарството овде.

Слика 1. Приказ на прозорецот што се појавува при првото (или во зависност од изборот на корисникот, при секое) стартување на Handbrake.
- Што се смени во однос на последната тест верзија?
- графичкиот интерфејс за MacOS X и Windows речиси целосно;
- брзината при претворање во iPod видео формат;
- квалитетот на сликата на компресираниот видео материјал, благодарение на новите механизми на деблокирање и скалирање на оригиналниот видео запис;
- компатибилноста со соодветните iPod и PSP (PlayStation Portable) видео и аудио формати;
- стабилноста на апликацијата (Handbrake е коска!)

Слика 2. Приказ на главниот прозорец на Handbrake 0.9.0.
За Windows е потребна Microsoft .Net Framework 2. Ако има нешто нејасно повелете овде. Мене на пример, ме интересира зошто нема 0.9.0 верзија за GNU/Linux?
Под Windows, Handbrake работи речиси идеално. По само неколку клика може да се добие ултра квалитетно видео материјалче за раздавање.

Слика 3. Приказ на тековен процес на претворање на видео запис во различен формат од основниот.
Посебен шмек е даден со готовите пресети.
Честитки за изданието и нека се множат. :)
Апдејт: Во официјалниот roadmap пишува дека во изданието 1.0 ќе има мулти-платформска графичка околина, па најверојатно тогаш и за GNU/Linux ќе има ново GUI. Засега за GNU/Linux, како последна постои бета верзијата 0.8.5. Клиентот 0.9.0 за GNU/Linux сега е достапен.
Labels: convert, dvd, linux, mpeg4, open source, osx, video, windows
коментари (0)
02 February 2007
Иако нема типичен, а уште помалку „user-friendly“ интерфејс, сепак VLC е една од најдобрите апликации за репродукција на видео записи и во секоја наредна верзија е сè подобра. До пред извесно време не знаев дека VLC е и одличен транскодер, па си губев време со други апликации.
Во VLC рип на DVD се прави вака:
Посочување на изворот со Open Disk (Ctrl + D)
VLC располага со повеќе различни механизми на отворање или повикување на датотеки, но единствено со Quick Open не е дозволено да се прават дополнителни нагодувања на изворот. За рипување DVD, изворот ни е DVD диск, па затоа и најбрз избор е Open Disk или Ctrl и D oд тастатурата.
Извор DVD... дел тој и тој... запиши на хард диск...
Нагодувања на излезниот „stream“
„Play locally“ е услов за репродукција на транскодираниот видео запис од хард дискот. Поедноставно кажано, оваа опција ви овозможува да го гледате филмот/видео материјалот додека тој се рекомпресира/транскодира.
„File“ се означува за се одреди апсолутната патека на датотеката во која ќе се запишува, при што важно е да се знае дека екстензијата има директна врска со „Encapsulation Method“ подолу. Логично „mpg“ датотека ќе може да има еден од трите MPEG методи на инкапсулирање (затворање)... „mp4“ датотека = MP4 инкапсулација... Quick Time „mov“ датотека = MOV инкапсулација итн.
Video codec:
mp4v = mp4 компресија
Bitrate = квалитет на транскодираниот видео материјал (1024kbps=DVD рип на 2 CD-a | 512kbps=DVD рип на 1 CD)
Scale = големина на излезната слика (1=оригинална големина | 0,5=половина помали димензии на излезниот видео запис)
Audio codec:
Audio codec = тип на аудио компресија
Bitrate = квалитет на транскодираниот аудио материјал
Channels = број на канали на зачуваниот аудио запис (2=стерео | 6=5.1 surround)
Враќање во првобитната состојба
Ако по рипувањето не се деактивира опцијата Stream/Save, на повторно отворање на датотеката т.е. DVD дискот, ќе се почне со транскодирање отпочеток, што ќе значи и трајно губење на претходно конвертираниот видео материјал.
Транскодирањето трае толку колку што и трае филмот, т.е. видео материјалот. Ако настанат било какви грешки при транскодирањето, тие исто така ќе бидат присутни и на излезниот видео запис. Затоа препорачано е додека се транскодира, компјутерот да не се оптоварува со други „тешки“ задачи.
Labels: dvd, video, vlc, windows
коментари (0)