Firefox, Opera и своjството clear
26 September 2007
Во последно време нешто ептен сум ангажиран околу пишување CSS и до вчера имав уникатен проблем со својството clear во Firefox и Opera. За што станува збор? Секој обид за „чистење“ на лебдечките елементи во рамките на некој div родител, завршува со примена на својството clear и за елементот во кој е вгнезден проблематичниот div т.е. елементот родител.
Проблем: Имаме лејаут со 2 колони, од кои едната лебди во лево, а другата си е фиксирана (ќе се вика десна). Под нив имаме елемент што има улога на футер, за кој е дефинирано својството 'clear:both'. Тоа ни овозможува содржините од десната колона, да не навлезат под левата колона, кога ќе ја надминат нејзината должина. И до тука сè е во ред. Но, при обидот за создавање на нов div (во колоната што ја нарековме десна) со два вгнездени исто така лебдечки елементи во лево и во десно, со негово чистење подолу, се јавува проблемот што го спомнав на почетокот. Се применува чистење за родителот div (десна) и истиот се поставува под левата колона, што е сериозен проблем. Овој проблем е актуелен за прелистувачите Mozilla Firefox и Opera.
Решение: Проблемот се решава со додавање на својството 'overflow:auto' во описот на елементот што е вгнезден и чие протегање сакаме правилно да го ограничиме. Ова решение нема влијание на ниедна верзија од Internet Explorer. Еве од каде јас дознав за ова.
Labels: clear, css, div, firefox, html, mozilla, open source, opera, planet linux mk
коментари (0)