Македонски Телекомуникации VS Он.нет
29 September 2007
Не ги сакам ни едните ни другите, ама ова што денес ми се случи несомнено ги става МТ во поповолна позиција. Се појави проблем со телефонската линија, па на секој завртен број се активираше пораката „Немате кредит за следните повикувања!“ иако станува збор за пост-пејд претплатнички број. За среќа, бројот за грижа за корисници е достапен без оглед на проблемите со линијата, па се јавив и пријавив за проблемот. Ми се јави љубезен господин, па бев префрлен на соодветната линија (без коментар дека сум се јавил на погрешно место) и потоа ми беше назначено да се прејавам за 1 час за информации, а ми беше земен мобилен телефон за контакт. Помина еден час, се јавив и ми рекоа дека проблемот е пријавен и дека се чека на соодветната општинска служба. Веднаш потоа добив повик на мобилен, па на фиксен, по што беше допрецизиран проблемот за по неколку минути истиот да биде решен, иако ми беше потенцирано дека решението нема да биде можно до понеделник. Не знам дали е среќна околност, меѓутоа задоволен сум. Од пријавувањето до решавањето на проблемот помина час и половина, што може да се толерира! Патем денот е сабота.
Чисто за илустрација, на 12 септември, со Он.нет склучив договор за префрлање од WADSL на Solo 101. Денес е 29 септември, уште чекам опрема, никој ме нема контактирано за ништо, на секое мое јавување добивам ист идиотски одговор „Има листи, кога ќе бидете на нив ќе ве контактираат!“, сè повеќе жалам што не си најдовр р'чка за да го раскинам проклетиот 2 годишен договор. Си реков ко божем за да скратам процедура, испадна ужас! Кога би имал шанса повторно да изберам, би ги избрал MT!
Labels: macedonia, mt, on.net, planet linux mk
коментари (5)